Press "Enter" to skip to content

И денес во Битола времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд

Денес, понеделник, 19 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои моќат да бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 14 степени.

Утре, вторник, 20 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 16 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »