Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Струга со сигурна победа со +14 голови

Струга – Еурофарм Пелистер 16:30 (10:14)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола на денешното гостување во Струга, против истоимениот тум забележа рутински победа и прокнижи нови бодови вп рамките на 8. коло од плеј-офот, со резултат 16:30, полувреме 10:14.

На отворањето на натпреварот поради големиот број на грешки на ракометарите на Еурофарм Пелистер, екипата на Струга одржуваше солидна минусна разлика, но работите со дојдоа на меато во вториот дел на првото полувреме кога тимот од Битола заигра на посакуваното ниво. Предноста се зголемуваше, е “пелистерци“ со серија  си обезбедија +4 пред заминување на одмор, 10:14.

Второто полуврмеме помина во знак на гостинскиот тим, кој од минута во минута ја зголемуваше разликата, а како одминуваа минутите интензитетот на играта се намалуваше, а натпреварот заврши со позитива за Еурофарм Пелистер од +14 (16:30).

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Радовиќ кој постигна шест, а Мандалиниќ пет гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »