Press "Enter" to skip to content

Мирјана Лозановска, сопственичка на добитното ливче на обложувалница: прво ќе купам голем ТВ да гледам фудбал

-Со неверојатен богат тикет се здоби редовен клиент од Битола на обложувалниците “Sport Life“, а за неговиот системски тикет издвои само 95 денари. Уште поневеројатно е што погоди три пресврти од вкупно пет кои ги чекаша на милионскиот тикет. Ливерпул против Астон Вила со 2:1 (0:1) со квота 23,5, Штутгарт 2:3 (1:0) со коефициент 23, и уште еден натпревар со квота 26,5. Во победата на “Црвените“ исто така погоди дека домаќините ќе дадат најмалку два гола, но и дека гостите ќе дадат барем 1 гол.

На овој начи се пренесе веста за “неверојатниот богат тикет“ со голема сума и добитен со
високи коефициенти. Среќен добитник на овој тикет е битолчанката Мирјана Лозановска, наша сограѓанка, вљубеник во најважната споредна работа во светот, фудбалот.-Сакам фудбал и интересно ми е да пратам фудбалски натпревари. Уште како средношколка
следев фудбал и пополнував комбинации на спортска прогноза. Како еден вид хоби. Имам добиено неколку пати, но сумите беа до 60.000 денари. Имам некоја внатрешна интуиција и овој пат не погрешив. На 10 април се случи и можам да кажам дека бројот 10 и пред ова ми беше среќен број. Се разбира многу се израдував добивката по погодувањето на добитните комбинации, вели Мирјана Лозановски, која го погоди добитното ливче.

За тоа како ќе ги потроши парите ни рече:

-Планирам најпрво да си купам нова голема плазма ТВ каде ќе ги следам фудбалските
натпревари, а потоа како ќе биде трошењето Мирјана искрено откри дека сака да ја пропатува Италија некаде во септември, ако дозволи ситуацијата со пандемијата.

И посакуваме уште повеќе среќа на Мирјана која ја прати во типувањето и прогнозата на следните натпревари на фудбалските терени, од кои не се откажува.

Ж.Р.