Press "Enter" to skip to content

Принц Ампонсах: квалитет имаме, веруваме дека ќе победиме

Фудбалерите на Пелистер во Битола има остварено пет последователни победи со што веќе може да се рече дека се во безбедна зона за опстанок во Лигата, а на последниот натпревар против Ренова со победа само го потврдија квалитетот кој од коло во коло е поизразен.

Иако не беше стартер против Ренова, Принц Ампонсах, кој во Битола дојде од Гана, на денешниот натпревар против екипата на Македонија Ѓорче Петров, се очекува Принц Ампонсах да биде во нападот од стартот на натпреварот, а за неговите очекувања денес вели:

-Фокусирани сме на натпреварот денес, во Скопје, против Македонија ЃП. Верувам во три бода и со Божја помош мислам дека ќе се вратиме со победа. Тимот има добар квалитет, сите се на диспозиција, и оние кои стартуваат и фудбалерите од клупата. Верувам дека ќе донесеме три бода. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »