Press "Enter" to skip to content

Во Битола секој ден над 1.000 лица се вакцинираат во салата на Медицинско

Вакцинација во пунктот во Битола кој го опфаќа регионот се одвива според планот и досега се вакцинирани 6.300 лица, а вкупниот број на вакцинирани со сите вакцини е 8690.

Се вакцинира секој кој се пријавил на вакцинација.мк, а во првите денови кога беше опфатена повозрасната популација, одзивот беше помал, додека како се слегува со старосната граница, бројот на закажаните и заинтересираните е се поголем.

Медицинските сестри велат нема застој во работата, а и граѓаните кои веќе се вакцинирале велат дека се оди брзо, а велат и дека по илјада и повеќе луѓе се вакцинираат, кабините се опремени, се е навреме, пациентите се задоволни.

Вкупно 25 волонтери на Црвениот крст се постојано вклучени во процесот на вакцинација, во две смени по осум волонери им се логистичка поддршка на лекарите, медицинските сестри, но и секаде каде е потребна помош за граѓаните. 

Во битолскиот пункт вчера беше добиена и третата пратка од 3000 вакцини од „Синофарм“.

More from ВестиMore posts in Вести »