Press "Enter" to skip to content

Владата на вечерашната седница го продолжи полицискиот час и другите мерки поради ковид-19 до 1 јуни

На денешната 71-ва седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Со останување на сила на активните мерки поради КОВИД-19 полицискиот час во траење од полноќ до 4 часот останува на сила до 1-ви јуни, односно за уште две недели.

Останува истото работно време кај угостиелите, до 23:30 часот, и тоа само на отворените летни тераси.

More from ВестиMore posts in Вести »