Press "Enter" to skip to content

Со новите подземни контејнери “Васко Карангелевски“ доби комплетно нов урбан лик (фото)

Битола ги доби првите подземни контејнери на ЈП „Комуналец“-Битола, на пет локации на улицата „Васко Карангелевски“ поставени се 12 подземни контејнери за собирање на отпад.Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, денес присуствуваа на практичната демострација за начинот на нивната примена. Градоначалничката Петровска истакна дека станува збор за 12 подземни контејнери поставени на улицата „Васко Карангелески“која веќе има нов урбан лик, затоа што претходно во тој дел на градот поставени се клупи, нов зелен појас и хортикултурно се уредени јавните површини.-Проектот е во интерес на граѓаните и овозможува попријатно чувство, но воедно оваа активност е нов комплетно променет лик на инфраструктурата во функција на поквалитетно урбано живеење. Замолувам  сите граѓани да се грижат за ова јавно добро, да уживаат во новите цветни површини, да ги чуваат клупите и правилно да ги користат подземните комунални контејнер-изјавие Петровска.

Инвестицијата на ЈП „Комуналец“-Битола е во рамки на програмата за работа и одобрена од Советот на Општина Битола.-Продолжуваме со пролетната офанзива за заштита на животната средина и зголемување на јавната свест при постапувањето со отпад. Новиот систем на функционирање со подземни контејнери очекуваме да даде позитивни резултати, да биде прифатен и правилно да се користи. ЈП „Комуналец“ е подготвен, а ние имаме дозвола за поставување подземни контејнери и во централното градско подрачје, а тоа значи дека заеднички треба да придонесуваме за подобра комунална слика- истакна Панде Богоевски, директор на битолското комунално претпријатие.

На прес-конференција во Битола, директорот Богоевски изјави дека освен инвестирањето во нова опрема и механизација, се инвестира и во човечкиот фактор, ресурси.-ЈП „Комуналец“ постигнува успешни резултати во финансиското работење и денес изврши трето по ред зголемување на личните доходи на вработените, а тоа изразено во проценти е 30 проценти поголема плата од денот кога бев именуван за директор, посочи Богоевски и дополни дека само со мотивирани работници може да се постигнуваат поголеми резултати на претпријатието.

Од ЈП „Комуналец“-Битола апелираа несовесни граѓани да не крадат цвеќиња од цветните паркови во градот и секое вандалско уништување ќе биде пријавувано во полиција.

More from ВестиMore posts in Вести »