Press "Enter" to skip to content

Отворен 40. “Мал битолски Монмартр“, без децата, без Кочо, со доделување награди, со огномет (фотогалерија)

-“Гран-при 2021“ награда на фестивалот од Битола патува за “SCHOOL 1955” од Москва, Русија.

-На 40. издание на “Малиот Монмарт“ во Битола по врор пат  ги немаше децата, но и идејниот творец Коста Хаџи Антововски.

-На свечено отворање традиционален огномет во Старата Чаршија во Битола, 40 светли топки за 40 години.Денес во Битола започна 40. издание на Малиот битолски монмартр, традиционално како и секоја години, пред просториите на Детското ликовно студиот “Св. Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија. За втор пат започна без џагорот на децата од целиот свет, без песна, но оваа години  и без удејниот творец Коста Хаџи Антоновски.40-тото издание на “Малиот битолски Монмартр“ се отвори скромно, но и со големи желби следното, јубилејно 41-то издание, да биде повторно полно со деца, а Битола да биде центар на светот за малите дестки уметници.Иако децата и нивните ментори не се во Битола, тие испратија голем број на видео пораки од своите земји, од Русија, Јапонија, Португалија, Србија… кои беа прикажани. Во име на Општина Битола, се обрати и ја прими плакетата за континуирана соработка од 40 години, заменик градоначалничката Емилија Костурски, која ги поздрави сите кои присутни, им се заблагодари на сите кои испратија цртежи, а го спомена и чичко Кочо, како во “викаа“ дечињата, за кој рече дека иако не е физички тука, во Старата Чаршија сигурно од некаде гледа и се радува на ова 40 јубилејно издание.Елена Хаџиантоновска, ќерката на Коста Хаџиантовски, а сега менаџер на Дестското ликовно студио се обрати и потсети на почетоците на “Малиот битолски Монмарт“ и изминатите 40 години, кои според тоа колку деца поминале во Битола, е исто како да постоеле многу, многу години повеќе.Унаку, годинава пристигнаа над 15.000 творби од целиот свет. Од сите пристигнати, на традиционалната 39. Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2021” изложени се  717 најдобри цртежи, од 33 земји, а беа свечено доделени наградите и плакетите на заслужни поединци и компании кои во изминатите 40 години дале голем продонес во постоењето и развојот на Детското студио.Пред да се доделат официјалните награди беа доделени и плакети на битолските јавни претријатија “Водовод“, “Комуналец“, “Нискоградба“ и “Пазари“, други компании, “Киро Дандаро“, “Ротари клубот Битола“, “Фустеларко Борец“…Плакети добија и поединци, адвокатот Никола Главинче, бизнисменот Велчо Петровски, Папало, советничката Татјана Крчева… Годинешната “Гран-при“ награда на фестивалот е за “SCHOOL 1955” од Москва, Русија, а на добитниците им ја врачи претставник на Руската амбасада во Македонија. Почесната награда “Коста Хаџи Антоновски“ за долгогодишно учество, соработка и придонес  ја доби Теодолинда Паскоал од “Теоартис“, од градот Евора, Португалија, со кои Студиото има долгогодишна соработка.На конкурсот учествуваа 453 училишта, со 13.737 цртежи, од 33 земји од Европа и светот, а стручното жири од вкупниот број пристигнати творби на 39. Меѓународна изложба на детски ликовни творби “Битола 2021” избра 752 творби.Почесна награда “КОСТА ХАЏИ АНТОНОВСКИ” за долгогодишно учество, соработка и придонес ја добива Теодолинда Паскоал од Евора, Португалија.Награди за најдобра колекција “Златна четка” отпатува за Јапнија, а ја прими амбасадорот на Јапонија во Македонија, Савада Хиронори.Диплома доби и ателјето од Белград, Србија, “Артино“,  а посебно награди добија и нивните мали членови Хана и Константин, кој вечерва беа во Битола, заедно со нивниот ментор Светлава Весиќ – Ралевиќ.Традиционално овој 40 “Мал Битолски Монмарт“ беше отвирен со голем огномет, а беа “испукани“ 40 светлосни плотуни, колку и годините на постоење на Детското ликовно студио.