Резервирајте го вашиот долгоочекуван летен одмор кај нас и искористете до 20% попуст за резервации до 31.05.2021
Ние брзо, едноставно и најефтино ќе ве закажеме за ПЦР тест при секоја резервација за Грција. ПЦР тестот закажан преку ЈК Травел е само 900 денари.
Исто така за Вас, го пополнуваме PLF документот за влез во Грција https://travel.gov.gr/#/user/login
Сè што треба да знаете за патување во Грција – Сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ (на веб-страна https://travel.gov.gr/#/), најмалку 24 часа пред датумот на влез. Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Грција (по копнен, воздушен и воден пат);. Образецот со лично податоци, траење и адреса на престој во Грција може да се покаже во отпечатена верзија или од мобините телефони.– Во Грција може да влезете со сертификат за вакцинација издаден од јавна установа и да имаат доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на нивната вакцинација против КОВИД-19. Грција ги признава сите вакцини .
– негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа;
– потврда дека сте прележале КОВИД-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од 2 до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста.
-за децата до 5 години не е потребен ПЦР тест Mерки кои важат за туристите за време на престој
-За време на престојот во Грција, посетителите треба да ги следат истите мерки кои важат и за Грците -заштитните маски се задолжителни и во затворени простори, и на отворено. Ресторани и кафетерии
-Отворени се само терасите на рестораните, кафетериите и баровите. Исклучок се објектите кои се во склоп на хотели и кои служат само гости во хотелот. Објектите работат од 05:00 до 22:45 часот и на маса може да седат најмногу шест гости. Гостите треба да носат маска додека порачуваат и ја чекаат нарачката. Плажи Дозволени се најмногу 80 луѓе на простор од 1.000 метри квадратни. Еден чадор со лежалки можат да изнајмат најмногу двајца, со исклучок на семејства.
Целата понуда и услугите кои ги нуди “ЈК Травел“ повеќе на: