Press "Enter" to skip to content

Ликовен час и доделување благодарници, во еко-паркот, за крај на “Малиот битолски Монмартр“

Денес заврши 40. јубилејно издание на Малиот битолски Монмартр во Битола со одржување на ликовен час, на учестуваа ученици од основното образование и деца од градинките во Битола, кои го исполнија еко-паркот во Градскиот парк во Битола и твореа на последниот ден, од годинашната манифестација. 

Ако годинава, за жал, не допатуаа деца од целиот свет за да ја донесат детската насмевка во Битола, преку нашите деца од Битола се испратени бројни насмевки до некогашните и идните учесници на оваа манифестација во светот, а нив ги посети и градоначалничката Наташа Петровска.Петровска заедно со организаторот на фестивалот, Елена Хаџиантоновска, доделија благодарници до менторите на учениците од битолските градинки и училишта, како и мали подароци за учесниците.

-Оваа година се одбележуваат 40 години на Малиот битолски Монмартр, кој е голем по многу нешта и значаен за нас битолчани, но за жал годинава без чичко Коста. Ова што се случуваше во изминатите денови, од отворањето, изложбите, цртањето, само покажува дека боите, страстите, желбите и енергијата кај луѓето никогаш не можат да умрат. Нашиот град годинава, покрај тоа што даде целосна поддршка на 40-тото издание, останува отворен во следните години за сите понатамошни идеи кои што ги имаат граѓаните за зачувување на овој наш бренд и оваа манифестација, која што заедно сметаме дека е соодветна, бидејќи Битола е препознатлива по Малиот битолски монмартр, истакна градоначалничката Петровска.-Од оваа година, е востановена нова награда во чест на мојот татко Коста Хаџиантоновски, како почесна награда, која годинава отпатува во Португалија. Им се заблагодарувам на сите кои помогнаа да се реализира ова издание, посебно за 100% поддршка од страна на Општина Битола, рече Хаџиантоновска.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »