Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за хипотиреоидизам, за што вели:
-Хипотиреози се состојби кои се карактеризираат со намалени концентрации на тироидни хормони во крвта како последица на нарушена синтеза, нарушена функција на хипоталамус -хипофиза, автоимуни заболувања како тироидитис Хашимото, периферна резистенција на тироидни хормони итн.
Клинички хипотироидните состојби се презентира со замор, кожата станува се подебела и оранж боја, нагло зголемување на телесна тежина, опстипација со појава на илеус, хипотензија, брадикардија па се до миксоматозно лудило и миксоматозна кома. За дијагнозата покрај анамнестичките податоци и клиничка презентација на симптоми потребно е и испитување на TSH, FT4 во крв.
Лекувањето е со доживотна примена на хормонска терапија со тироидни хормони. Стресот, инфекцоите и нередовното земање на терапија водат до нагло влошување на хипотироидизмот и појава на миксоматозна кома!
ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.