Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Димитар Николов-Таки

По кратко боледување на 63 годишна возраст почина Димитар Николов-Таки, поранешен директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола, кој покрај таа функцијабеше познат културен деец, филмски продуцент, менаџер на дистрибутерската компанија “КТ-филм и медиа“.

Димитар Николов-Таки е роден на 10 февруари 1958 година во Скопје. Заврши гимназија во „Цветан Димов“, во скопската населба Чаир, каде што и живееше. Дипломираше на Историја на Филозофскиот факултет во Скопје.

Николов во 2015 година беше поставен за директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ во Битола, а кај љубителите на филмот ќе остане запаметен како најскромниот директор на фестивалот.

До 2000 година живее и работи во Амстердам, по што се враќа во Македонија и продуцира неколку филмски проекти, дел од нив ги снимаше и во Битола и низ Мариово, како балкански и европски филмски проекти.

Димитар Николов-Таки беше продуцент на филмовите “Тајната книга“ , сценарио на Јордан Плевнеш и режија на Владо Цветановски, “Ах љубов моја“, “Жената на мојот живот“.

More from ВестиMore posts in Вести »