Press "Enter" to skip to content

Во Битола оздравени 103 лица, нема нови позитивни на ковид-19, активни 61 случаи

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 2.755 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19, а во нив нема од Битола.

Регистрирани се 1.191 оздравени пациент од кои од Битола се 103.

До сега во Битола има 6.291 лица кои се позитивни или биле позитивни, а активни се 61 случаи.

Пријавени се вкупно 10 починати лица, од кои од Битола е едно лице на 63 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 94 ковид тестови и преку “Плодност“ 71.

Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.

More from ВестиMore posts in Вести »