Press "Enter" to skip to content

Јулијана Здравковска, битолчанка, сопственик на агенција за недвижности во Солун: за агенцијата, ковид кризата, купопродажбата на станови, поволностите, за златната виза…

Жанета Ристевска

Јулијана Здравковска  е единствена македонка лиценциран агент за недвижнини и сопственичка на  “BLUE HOUSE“ – real estate во Солун, Грција, вели многу е тешко и многу препреки за странец да успее тука, но со труд, упорност се постигнува, се исполнуваат соништата.

Во последните години многу луѓе заминуваат  во различни краишта низ светот, за да ги исполнат своите соништа, по подобар живот и  зароботувачка. Различни реални приказани за живот,  работа, докажување… во туѓа земја, со сите тешкотии и предизвици кои ги носи. Една од нив е и приказната на Јулијана Здравковска, таа е  лиценциран агент за продажаба на недвижнини и сопственичка на агенцијата “BLUE HOUSE“ – real estate во Солун соседна Грција, отворена пред две и пол години.

За својата приказна, животот, работата, агенцијата … за животот во Грција пред корона кризата и  пандемија, потоа,  за летната сезона која претсои поразговараме “он-лајн“, а се надеваме дека за брзо време ќе отидеме кај неа, во Переа, Солун, во нејзината агенција за недвижности  и таму на лице место ќе го потврдиме она што таа ни го кажа деновиве.

-Потекнувам и носам гени на моите предци прадедо, дедо… од печалбарскиот крај Галичник, Лазаропле кои на коњи, пешки оделе во Солун, Серес  и тргувале. Можеби затоа сум тука, судбински и животот ме однесе тука, низ шега започна  Јулијана Здравковска за да продолжи:… Дојдов во Грција пред 8 години. Ќе кажам искрено направив некои инвестици во Битола, потоа се променија некои работи, отворив свој бизнис во Битола, требаше финансиски да се опоравам,  а  по некое време размислување одлучив и да ја променам средината. Претходно се вклучив во некои проекти преку програмите за пограничната соработка со соседна Грција и некако следуваше преселувањето во Грција, во Солун, каде повторно се зафатив со многу работи, благодарение на моето високо образование и одлично познавање на грчкиот јазик.  Останав тука во Солун, каде ми и е седиштето на “BLUE HOUSE“ – real estate агенцијата за недвижнини. Животот во поголемите градови во Грција како Солун е многу подинамичен,  поголема конкуренција, но и можности за работа повеќе. За еден странец да успее овде е многу тешко, има многу препреки („ти ставаат сопки“). Но, мора да се трудиш за да успееш. Но, за многу работи се многу повеќе организирани и институциите работаат добро.Од каде идејата да започнете со овој вид бизнис и отварање на “BLUE HOUSE“ – real estate, агенција за продажба на недвижности во Сојун?

-Приликите ме однесоа и се вработив во агенција за недвижнини “Remax“ во Солун, но таму покрај некој потценувачки однос кон мене, можеби дека бев странец, исто така имаше случаи кога бев на некој начин изиграна и финансиски оштетена. Сето ова придонесе да се јави кај мене некој бес и инает,  да се заштитам себеси и достоинството. Си кажав и одлучив “ќе рескирам и ќе отворам своја агенција“. Пријатели ме подржаа со зборовите “ти продадае 4 станови во текот на една недела, па зошто не ризикуваш за да вложуваш и работиш за себе“. Така се роди идејата да отворам своја лиценцирана агенција за недвижнини под име “BLUE HOUSE“ – real estate, со седиште во Солун, каде имам канцеларија.Кажете ни повеќе за вашата агенција и името BLUE HOUSE …?

-Многу е тешко странец да добие лиценца за агент за недвижнини. Потребно е  најмалку средно образование кое е признаено во Грција и познавање на јазик на ниво степен В-1. Претходно искуство за работа во оваа дејност најмалку 6 месеци. Потоа за одлуката и решение за дозвола  се чека долго време. Оние кои немаат лиценца работат како советници за недвижнини во други агенции. Јас сум моментално единствен агент, со лиценца и сопствена агенција. Повеќе од една година ја средувава лиценцата. Името “BLUE HOUSE“ асоцира на сино, на море и убавината на  куќите  покрај море…Мојата агенција  нуди станови и други недвижности во сите делови на Солун, во Солунскиот залив, на Халкидики, на Олимписката ривиера, на островите, во сите градови во Грција. Ние посредуваме и при купување на станови во било кој дел на Грција, секако и земјиште за граѓани и од Македонија, а целата комуникација е на македонски јазик, се до добивање на имотен лист. Агенцијата посредува и при издавање и изнајмување на станови во Солун и во сите туристички места во Грција, за сите македонски туристички агенции кои сакаат да носат туристи. Каков е интересот за продажба на недвижнини и како се одрази корона кризата врз купопродажбата  на недвижнини ?

-Се чини како пандемијата да немаше влијание на продажбата на недвижнини, не се намали побарувачката. Интересот е преголем посебно во текот на оваа година. Влијание има тоа што многу луѓе веќе ја  знаат “BLUE HOUSE“ – real estate агенција, мене, а влијание имаше и пандемијата и корона кризата, стравот од летување во хотели, со што оние кои се во можност купуваат станови, макар и помали, поефтини.  Исто така постојат и оние кои инвестираат во изнајмување станови за сместување преку летната сезона. Има можност и некои инвестираат во постари станови, ги реновираат и го продаваат поскапо, па заработуваат. Има многу станови кои се на добри локации во Солун, околу центарот, но се стари и бараат реновирање и со реконструкција добиваат повисоки цени. Сите овие можности им носат дополнителен приход. Со купувањето се добиваат и бенефиции. На пример, со купување  на имот од над 250.000 евра имот, се  добива и златна виза. Покрај тоа на кое име е ивестицијата оваа привилегија ја добиваат и потесните членови на семејството. Со купен имот од над 2.000.000 евра се добива и државјанство. Нашата агенција има многу добар тим и соработка со адвокати и нотари со кои соработува и лесно посредува во добивање на златна виза и државјанство. Исто така и во водење на документи, заверка, превод и се друго.Кажете ни повеќе за животот пред пандемијата корона и како се одрази врз целокупниот живот во Грција.

-Пред пандемијата со вирусот ковид-19, туризмот од кој Грција имаше многу голем приход од 2012 па натаму одеше во пораст. Според  статистички податоци од 2012 до 2019  влезот на туристи и туристичките сместувања беа зголемени. Од 18,2 милиони до 34,2 милиони сместувања и туристи во 2019. За да се направи разлика во 2020 тој влез е само 7,4 милиони. Заради пандемијата и затворени граници тоа се одрази како на туризмот така и на цела економија. Беа донесени мерки за помош од страна на државата. Ќе ги кажам оние кои ги знам. На вработените им се исплаќаше по 534 евра месечно. На сопствениците им се плаќаше киријата и уште два пати им се исплати парична помош за време на пандемијата, бидејќи во текот на 2020 од месец октомври до средината на мај, поточно 15 мај кога заврши карантинот,  бевме затворени со почитување на строги вонрдени мерки. Се излегуваше од дома само одредено време, се одеше во маркет, аптека, адвокат, нотар и сл во одреденни денови, време со закажување и праќање на порака. Се беше затворено училишта,кафулиња, ресторани, кина, театри, теретани… Тоа траеше долг период за заштита од корона вирусот. После 15 мај се отвора се постепено, кафулињата, рестораните, плажите и така натаму постепено според мерките, но и оваа летна сезона ќе има економски последици. Трошоците за живот се поскапени. Во последните 3 години се е поскапено за  33%, а се смета дека се ќе оди и повисоко. До крајот на 2021 се оди кон тоа цените да пораснат за уште 20%. Се смета дека цените и пред карантинот во Грција беа повисоки и беше најсакапа земја од земјите во регионот, но сега се ќе оди повисоко, особено на основните трошоци.Како се одрази на продажбата на недвижнини?

– Пандемијата не го намали интересот за купопродажба на недвижнини, не се намали побарувачката.интересот е преголем посебно во текот на оваа година. Заради ова и  многу странци се интересираат и купуваат станови Евреи, Срби, Романци, Бугари. Од Европската Унија пензионери на кои им помага државата купуваат станови и се преселуваат тука или во Бугарија и Албанија за да живеат покрај море, за подобро здравје.“Hand made by Julka“ е рачно изработен накит од твои раце, за чија креативност зборуваат  фотографиите кои ги прикачуваш на твојот ФБ профил. Кажи ни повеќе за ова твое хоби или нареден бизнис?-Сето ова произлезе за време на пандемијата и карантинот кога бевме затворени. Низ изработката  на овој накит можеби полесно се  справував психички  со условите кои ги донесе “новото реално“. Си купив алатки, прибор и направив дома мала работилница. Произлегоа многу интересни креации кои ги ставав на мојот ФБ профил, од почеток  беа за подарок за мои блиски. Но, како што сум јас и сакам да ризикувам, моја желба би била да отворам некоја мала продавничка за сувенири и накит. Засега овие се само некои мои скриени желби и планови за иднина.Сигурна сум дека нејзините предци од Лазарополе кои доаѓале во тогашниот Серес и Солун за трговија, биле кројачи и слаткари  со слаткарница тука, како што раскажа  нашата соговорничка, се гордеат со неа и нејзината истрајност, храброст, со борбен дух кој не се откажува лесно. Можеби исто како нив, кога патувале,  доаѓале и на своите коњи на голема далечина во големиот трговски град.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »