Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад со гушење со двете раце

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога нападот доаѓа од напред, а напаѓачот сака да не повреди со гушење, со примена на техника од реален аикидо.

Одбрана од гушење кога напаѓачот напаѓа со двете раце од напред, започнува така што со десната рака ја фаќаме во коренот на десната дланка на напаѓачот. Ротираме во десно , на напаѓачот му го одвлекуваме вниманието и  со десната нога му нанасуваме удар во стомак и изведуваме техника на контрола врз неговата десна рака, по што напаѓачот ќе биде неутрализиран.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.