Press "Enter" to skip to content

Поставен камен темелник на новата управна зграда на “Водовод“ од Битола (фотогалерија)

За 12 месеци ЈКП “Водовод“ ќе добие нова Управна зграда, во Стопанскиот двор, со површина од 1.50 м2, со што после постоење од 93 години да добие свој сопствен дом. 

Со пригодна свеченост која се одржа во стопанскиот двор на ЈКП “Водовод“ се постави камен темелникот на новата Управна зграда, на која домаќин беше директорот на “Водовод“ Горан Козаров, а присутвуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, престедателот на Советот на Општина Битола – Валентин Груевски, советници од Советот, директорите на јавните претријатија од Битола и РЕК “Битола и други гости.По осветувањето на темелите на новата Управна зграда од страна на свештеници на МПЦ, симболични камен темелникот го поставија министерот Милевски, дитекторот и техничкиот диектор на “Водовод“ и градоначалничката Петровска, а Козаров при тоа рече:-Во темелите го ставаме и симболот на претријатието, мерач на потрошената вода, а како тој је мери водата ние да је мериме и добивката на претпријатието и додаде:-Денес е посебен ден за “Водовод“, ја почнуваме градбата на новата управна зграда, која ќе биде во површина од 1.540 метри квадратни. Оваа управна зграда била желба на многу директори години наназад, но сега се создадоа условите, но да не бидам скромен ги создадовме ние како менаџерски тим со помош на сите вработени, кои вредно работат и со намалување на трошоците помогнаа во реализацијата на оваа идеја, за што и  сум им благодарен. Посебно сум горд со мојот менаџерски тим што тоа го изведуваме.Градоначалниката Петровска по поставувањето на камен темелникот рече:-Се покажа дека и на овие простори, се можни поинакви политики, транспарентни, домаќински кои што овозможуваат да обезбедат не само развојни компоненти, туку да дадат сериозна можност за многу подобри услуги кон граѓаните. Во оваа прилика би сакала да нагласам дека оваа локална самоуправа, оваа власт на локално и централно ниво, успеа да врати, односно да исплати кон јавните претпријатија што за изведба, што за заостанати долгови од претходната власт над 6 милиони евра, од кои што само во ЈП “Водовод“ се нешто повеќе од 500.000 евра. Честитки до менаџерскиот тим на јавното претпријатие, честитки до сите чинители, вклучени во овој процес, до Советот на општината и другите општински субјекти, кои придонесоа денес да зборуваме за нешто, што во изминатиот период не било ниту на повидок дека може да се случува.Како претставник од Владата на свеченоста присуствуваше министерот за локална самоуправа Горан Милевски.-Чест ми е што од името на Владата сум тука на почетокот на градба на оваа капитална инвестиција, која што е многи значајна за ЈП “Водовод“, затоа што по 90 години на некој директор му текна да направи сопствена управна зграда и да не е ќираџија, а “Водовод“ е најмоќно локално претпријатие.Рокот на изведба е 12 месеци, а сумата е 42.7000.000 денари, а после постоење од 93 години да добие свој сопствен дом.