Со присуство на гости и пријатели и одигрување на партии шах во клубските простории, вечерва започна со работа новиот шаховски клуб во Битола со име Шах-Шех. Клубските простории се наоѓаат на вториот кат во пазаришниот комплекс во Нова Битола.
Основачи на овој шаховски клуб се Гоце Гецовски, кој е и претседател на кубот, Лазар Рајчовски, Зоран Попчевски, Томица Брзановски, Дарко Попчевски и Душан Јанкуловски.
По повод стартување со работа на новиот клуб Претседателот Гоце Гецовски на свеченото отворање ни рече:
-Клубот во мојата глава е отворен уште во јануари оваа година, но официјално е отворен денес, како што гледата со многу битолчани, љубители на оваа древна игра. Мене посебно ме израдува што гледате и само на таблите играа шах млади деца, кои се надевам нема да бидат тука само вечерва туку и во наредниот период.
За тоа како дојде до идеја за формирање на нов клуб во Битола и кои се амбициите на клубот Гоцевски ни рече:
-Да бидам искрен идејата за нов клуб дојде поради тоа што со шаховскиот клуб “Стево Патако“, каде бев јас и останатите членови имавме разлики во размислувањето. Се одлучивме за нов клуб со кој си поставивме неколку цели. Прво да прибереме млади деца, а според тоа дека денес има многу млади мислам дека ќе успееме да формираме школа за шах. Ќе има месечно по 8 часа за теорија и пракса за шах, ќе им предаваме ние, а секако и легендите за битолскиот шах, како Борче Илиевски и други. Досега имаме 15 тина членови ко веќе се наши шахисти, а поради подготовките околу отворањето не успеавме тој број да биде поголем, но деновиве ќе направиме и регистрација на новите членови.
Клубот ќе има екипа која ќе се натпреварува, а Гецовски вели:
-На 3 јули ќе имаме прво “шаховски крштевање“ каде ќе играме квалификации за пласман во прва лига, а се надевам дека тоа успешно ќе го поминеме и наесен веќе ќе бидеме дел од најквалитетните шаховски клубови кај нас.
Гецовски ни рече дека нивна голема идеја е да ги тргнат децата од комјутерите, телефоните, таблетите, и да играат шах во живо. Битола има голема традиција за шах, има многу интелигентни деца кои брзо ќе научат шах и ќе ги заземат местата на битолските шаховски легенди.

Започна со работа новиот шаховски клуб Шах-Шех во Новиот пазар во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер
More from СпортMore posts in Спорт »
- Младинците на Еурофарм Пелистер подготвени за младинската Лига на шампиони, прв испит данскиот Алборг
- Пријателски натпревар на младинците на Еурофарм Пелистер и врсниците од Охајо во Битола (фотогалерија)
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив










