Press "Enter" to skip to content

Денес, нова седница на Советот на Општина Битола, 77. по ред со 12 точки на дневер ред

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес, со почеток во 10 часот ја закажа 77. седница на Советот на Општината Битола, која ќе се одржи во салата за седници на Советот.

Груевски во предлог двевниот ред предложи расправа за буџетот на Општина Битола, извештај, измени и дополнувања, програма за комуналните објекти и патишта, јавното осветлување, граженото земјиште, и други програми кои се во надлежност на Советот.

Предложениот дневен ред:

1. Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за првиот квартал од 2021 година.

2. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Битола за 2021 година.

3. Програма за измени и дополнување на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локални патишта и улици во Општина Битола за 2021 година.

4. Програма за измени и дополнување на Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општината Битола за 2021 година.

5. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2021 година.

6. Програма за измени на Програмата за развојни планови на Општината Битола за периодот од 2021-2023 година.

7. Програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој во општина Битола за 2021 година.

8. Програма за измени и дополнување на Програмата за јавни дејности (образование) за

9. Програма за измена на Програмата за активности во областа на спортот и младите во општина Битола за 2021 година.

10. Програма за измени и дополнување на Програмата за социјална заштита за 2021 година.

11. Измени и дополнувања на финансова програма за одржување на јавни зелени површини на територијата на Општина Битола за 2021 година.

12. Оперативна програма за измени и дополнување на Оперативна програма за поправка и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2021 година бр.01-636/1 од 03.12.2020 година со која се дополнуваат активностите за поправка и одржување на уличното осветлување. (тековно одржување – замена на живините, натриумовите и флуорецентните светилки и арматури заради поголема енергетска ефикаснсот на целиот систем на улично осветлување) за 2021 година во руралните средини реоните Бистрица, Цапари и Кукуречани.

More from ВестиMore posts in Вести »