Вчера вечер во малата сала на Центарот за култура во Битола со проекција на филмот “Покажи ми го патот до станицата“ и во Битола започна “Неделата на современ јапонски филм“ со кој филм беше претходно и стартот на фестивалот и во Скопје. Неделата на јапонскиот филм во Битола ја отворија Канако Теруи – аташето за култура од Јапонската Амбасада и Маја Андоновска – Илиевски – директор на Центарот за култура во Битола.-Со аташето за култура од Јапонската Амбасада, Канако Теруи имавме можност да оставариме средба , да поразговараме за идни заеднички соработки и по трет пат да реализираме ревија на јапонски филмови во заедничка соработка на Центарот за култура Битола и Јапонската амбасада со наслов “Недела на современ јапонски филм“. Филмот како амбасадот до нас ја доближува јапонската култура, вредности и богата традиција и барем на неколку часа можеме да отпатуваме во некои нови светови, рече Андоновска-Илиевски, на отворањето на ревијата на филмови.
Денес ќе биде прикажан и вториот филм од ревијата со наслов “Ресторан од небото“, а поради ковид мерките, местата се ограничени и задолжително е носење на заштитна маска за време на проекциите.

Во рамките на “Недела на современ јапонски филм“ проекции и во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“