Во организација на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола, а со поддршка на кафулето “Везилка“ од Битола, вчера се одржа брзопотезен турнир во шах за младинци . На овој прв ваков турнир по попуштање на ковид мерките уцествуваа 22 млади шахисти.
После седум интересни кола најдобар беше Марјан Христовски од Битола, пред второпласираниот Зоран Јовановски и третопласираниот Ивица Сековски, а со резултатите од сите седум кола беше прогласен за победник на турнирот.
-По повеќе од година дена ги “отворивме“ шаховските табли и започнавме со натпреварувачката програма. За жал поради ковид мерките и забраната за групирање во затврорен простор, шаховскиот клуб “Стево Патако“ беше затворен и сега започнуваме со натпревари и тренинзи на отворена, а прв ваков настан го организиравме со кафулето “Везилка“ покрај Драгорот, вели претседателот на ШК “Стево Патако“ од Битола, Сашко Павловски, кој додаде:
-Секако хит на турнирот беа двете женски такмичарки, Ана Марија Нечова и Наде Смилевска. Тие ги освоија симпатиите на гледачите и добија и заслужени награди.
Со организацијата на овој брзопотезен шаховски турнир ШК “Стево Патако“ продолжува со организација на вакви турнири за најмладите категории со цел приближување на шахот до што поголем број на млади битолчани.

Брзопотезен шаховки турнир на ШК “Стево Патако“ од Битола, победник Марјан Христовски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Ќе биде дерби во Битола – влезниците распродадени за неколку минути, прва битка за титула
- Еурофарм Пелистер утре во 13,30 часот ги пушта во продажба билетите за дербито со Вардар






