Press "Enter" to skip to content

Јавна дискусија за образовните реформи во организација на “Прогрес Институт за социјална демократија“

Во хотел “Милеиум“ во Битола се одржа јавна дискусија на тема „Образовните реформи во Северна Македонија“, организирана “Прогрес Институт за социјална демократија, чиј претседател  д-р Сашо Додовски, се обрати на почетокот на трибината. 

Д-р Сашо Додовски, претседател на Прогрес Институт за социјална демократија, објасни зошто сега во Битола се решија заедно со засегнатите страни да дискутираат на оваа тема.

На трибината зборуваа Елизабета Наумовска, директорката на Државен испитен центар, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска и и советникот за образовни политики, Мико Лаконен кој го претстави финскиот модел на образование.

-Новото време во услови на пандемија, бара многу брзо прилагодување на образовниот систем на сите овие светски и европски трендови дигитализација, демократизација и поставување на ученикот во поинаков фокус, не како апсорбирач на знаење, туку треба да ги научиме учениците како да учат во училиштата. Ќе дискутираме за сите новини кои се воведуваат од страна на централната власт во секторот образование но и за предизвиците што ги имаат локалните самоуправи и училиштата, рече Елизабета Наумовска, директорката на Државен испитен центар.

-Образовните политики се едни од најважните во било кое општество затоа што тоа се политиките од кои се генерира се понатаму како ќе оди развојот на општеството. Таму каде што се создаваат кадрите за сите останати сегменти во останатите институции и сите човечки ресурси кои што треба да се себеизразат во рамките на општественото делување меѓутоа и да го дадат и својот личен допринос кон подигнување на општествените вредности и општествените цели, рече градоначалничката Петровска и додаде:

-Во Битола конкретно она од што стартувавме во образовните институции и каде сега се наоѓаме е процес и состојба која што сега ја имаме е задоволителна и повеќе од задоволителна. Се покажува дека и во образованието една локална самоуправа во добра синхронизација со централната власт навистина може да направи исчекор, во создавањето на условите пред се, а потоа и во можностите учениците да бидат централната фигура во самите образовни институции и во целиот тој систем на функционирање е повеќе од успешен, евидентен, видлив, за радост на сите нас благодетен.

More from ВестиMore posts in Вести »