Press "Enter" to skip to content

Продолжува мирниот ковид-19 период, нема нови позитивни и оздравени во Битола

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје деак во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19, а како и претходните денови во нив нема од Битола.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти, нема од Битола.

До сега во Битола 6.304 лица позитивни на ковид-19, активни 15 случаи.

Регистрирани се две починати лица нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 73 и преку “Плодност“ 109 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.

More from ВестиMore posts in Вести »