Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Приведен дилер од Битола, при претрес пронајдени кокаин и марихуана и напад на жена

На 18.06.2021 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола лишиле од слобода 26 годишно лице  од Битола, поради постеоње основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом, други простори и возила кои ги користи, при што биле пронајдени и одземени 16 пакувања кокаин, две пакувања марихуана, електронска вага, предмети со траги од кокаин и пари. За случајот е известен Јавен обвините од ОЈО Битола, до каде против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 18.06.2021 во 00.40 часот во СВР Битола М.М.(35) од Битола пријавила дека на 17.06.2021 околу 21.40 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

More from ВестиMore posts in Вести »