Press "Enter" to skip to content

Сефедин Бајрамов со нова песна “Може ли“ за која сними и видео спот (фото)

Познатиот шансоњер од Битола, Сефедин Бајрамов, денови го заврши снимањето на видео спотот за новата песна “Може ли“ за која веќе се подготвува и промоцијата во Битола.

Вљубеникот во шлагерите, Сефедин Бајрамов од Битола, на деновиве работи под полна пареа. По снимаето на аудио записот во студио “Анастасија“ во Скопје , деновиве го заврши и снимањето на атрактивен видео спот, за новата песна “Може ли“. Станува збор за песна на која ставаат потпис докажани авторски големини, а песната како вели Бајрамов ќе “тежи“ од мелемност и музичка сензуалност.Аудио записот беше квалитетно направен во студио “Анастасија“ во Скопје со големо залагање на тон мајсторот Љупчо Павловски, а видео спотот, како и изминатиот пат го работи видео продукцијата на Дарио Јанковиќ и неговото студио “Генерал“, како и мајсторот на светло Виктор Лазаревски.Музиката на песната е дело на познатиот битолски композитор Миодраг Нечак, а текстот на импресивниот носталгичар Валентин Соклевски, а сето тоа во аражман на прославениот Дамир Имери.-Самата авторска постава е своевидна гаранција за одличен калитет, нешто на што секогаш инсистирам кога избирам песни што ќе ја следат мојата интерпретаторска оргиналност. Што се однесува пак до спотот кој е веќе снимен и се работи на постпродукција покрај Јанковиќ, со кога подолго време соработуваме, на мое големо задоволство работеше и познатиот мајстор на светло Виктор Лазаревски. Мора да ја споменам и  да и  се заблагодарам на Мартина Давидовска, фото модел, девојка која е позната на модните писти во земјава и странство, вели Сефедин Бајрамов, видно задволен од тоа како е завршена работата. 

-Се надевам дека ново мие остварување ќе го најде патот до мојата сакана публика и пошироко и ќе допре до срцата на они кои со нетрпение ја чекаат промоцијата на оваа неколку месеци најавувана песна, а сакам само малку да откријам дека веќе започнаа работите околу промоцијата на новата песна и спот, а тоа ќе биде нешто ново кај нас, но за тоа потоа. Промоцијата ќе биде по модерните текови на организација на промоции од ваков тип, а како и претходната промоција ќе биде настан за паметење во Битола, вели популарниот Сефко, кој додаде:-Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои се вложија во овој проекр, без кој немаше да стане реалност. Беше вложена огромна љубов, желба за успех, и секако средства за да направиме нешто кое ќе остане како вредност. Генерален покровител во оваа прилика е болницата “Плодност“ и прим. д-р Таше Трпчевски. Како спонзори се јавуваат “Јосифов автомобили“ и печатницата “Генекс“ од Кочани. 

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »