Press "Enter" to skip to content

Три медали за џудистите на Чурин од Битола на државното првенство во Прилеп

Денес се одржа државното првенство за пионери и сениори во Прилеп во салата на СОУ “Ристе Ристески Ричко“ во организација на џудо федерацијата и техничка организација на џудо клубот Сеишин од Прилеп.

Џудо клубот Чурин од Битола настапи со четворица натпреварувачи во неколку различни категории и освоија три медали.Петров Петар освои златен медал и заслужено ја доби титулата државен првак во пионерска конкуренција, Дамјан Петкоски е второпласиран, а Никола Јовановски освои бронзен медал.

Инаку, џудо клуб Чурин е основан 2016 во Битола од Ристо Димитров – Чурино и во текот на изминатите години на државните натпреаври се појавува со многу џудисти, а има и членови на македонската репрезентација. Како шеф на стручниот штаб е Ристо Димитров – Чурино, а тренери се Александар Петковски и Никола Источки.

More from ВестиMore posts in Вести »