На големата сцена на Народниот театар во Битола вечерва свечено беше отворен фестивалот на монодрамата, 22. по ред, кој го организира Центарот за култура од Битола, но овој пат наместо вообичаената гужва пред отворањето во холот на Театарот, и преполно гледалиште, овој пат со почитивање на сите протоколи за организирање на овој вид настани и со ограничен број на гледачи.Во име на организаторот Фестивалот го прогласи за отворен директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска – Илиевски, која рече:
-Им благорам на сите вработени во Центарот за култура, на сите гости, на Вас гледачите без кои не може да се случи овој Фестивал на Монодрамата, овој пат во едни нови услови, но на радост на сите кои се вљубеници во оваа уметност.
Во име на Општина Битола, гостите и публиката ги поздрави Татјана Крнчева, советник во Советот на Општина Битола, која нагласи дека сите се радуваат на овој фестибал, кој значи враќање во некоја нормала, колку што е можно.
По свеченото отворање на фестивалот се одигра и првата монодрама “Кармен“ по мотиви од романот “Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, во режија и драматизација на Дејан Пројковски.
Актер кој ја имаше чест да го отвори фестивалот беше Билјана Драгичевиќ – Пројковски, а монодрамата е во продукција на Драмски Театар од Скопје.

Отворен 22. по ред Фестивал на монодрамата во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“
- Промовиран училишниот весник “Нова Веда“ на гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола (фотогалерија)
- За Соња Михајлова наградата за животно дело на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп