Викендов, КГС Партизан од Битола беше организатор и домаќин на Државен натпревар во спортска гимнастика, на кој учество зедоа натпреварувачи од А лига во женска и машка конкуренција во категориите: помлади пионери/ки, постари пионери/ки, јуниори/ки, сениори/ки.На државниот натпревар учествуваа 6 клубови од државата и тоа: КГС Партизан – Битола, Соколи – Прилеп, Орце Николов – Скопје , КГС – Кочани, Атлета – Куманово, КГС – Партизан Ѓорче Петров – Скопје.
Битолските гимнастичари/ки покажаа висока подготвеност и ги освоија следните места:
1. Ева Чулаковска – помлади пионерки, 2 место
2. Димитра Велјанова – помлади пионерки, 3 место
3. Леона Сара Палсдотир – јуниорки, 1 место
4. Марија Јовановска – сениорки, 1 место
5. Ана Пејчиновска – сениорки, 3 место
6. Стојанче Дамчевски – постари пионери, 1 место
7. Марко Димовски – јуниори, 2 место
8. Иван Крстевски – сениори, 1 место

Осум медали за гимнастичарите од Битола на државното “А“ првенство (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале
- Антоан: со игра како во Битола и со 40 минути борба – ќе славиме и на мајсторката во Скопје
- Павле Петровиќ го нашушта Еурофарм Пелистер, продолжува во Линц, Австрија
- Кадетите на Еурофарм Пелистер во завршницата за титула шампион на Македонија (фотогалерија)