Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер и наредната сезона дел од Евро лигата, директно во група

Деновиве ЕХФ ги потврди имињата на првите 11 сигурни учесници во претстојната сезона во Европската лига, а меѓу нив и оваа сезона која следи екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, а битолчани ќе бидат директво во групната фаза, без квалификации и ќе стартува во октомври.

Во второто по ранг натпреварување во европскиот клупски ракомет екипапата од Битола ќе биде единствен претставник на Македонија.

Покрај Еуеофарм Пелистер од Битола во Евро лигата ќе се натпреваруваат уште и Горење Велење, Савехов, Татран Прешов, Чековски Медведи, Кокс, Магдебург, Нант, Бидасоа Ирун и Татабања.

ЕХФ на 13 јули ќе ги објави комплетните листи, шеширите и тимовите што ќе треба да играат во квалификациите. Исто како и лани ќе се има 4 по 6 екипи, па осминафинале, четвртфинале и Ф4. Ждрепката за квалификациите ќе биде на 20 јули, а за групната фаза во октомври.

More from ВестиMore posts in Вести »