Press "Enter" to skip to content

Македонски Телеком: кражби и оштетување на опрема, МВР ги бара сторителите

Се работи за кражба на кабли од мрежата на компанијата и оштетување на шахтите, со што се доведува до прекини на услугата за корисниците.

Изминатите месец дена Македонски Телеком се соочува со голем број кражби на кабли и подземна инфраструктура, со што се случуваат и прекини во сервисите кои компанијата ги обезбедува до своите корисници во Битола. Изминатиот период, ваквите кражбите и оштетувањето на каблите и подземната инфраструктура се случуваат често, така што ова претставува голем проблем и сите случаи се веќе пријавени до надлежните органи.

Последиците од ваквите појави, покрај компанијата ги имаат и корисниците кои остануваат без услуга бидејќи е потребно време за санирање на направената штета, и покрај брзата реакција на техничките екипи.Начинот на којшто се сечат каблите и се оштетува самата подземна мрежа, прави од една страна значителна штета на Македонски Телеком, а од друга страна се зголемува времето потребно за враќање на мрежата во нормална состојба.

Мета на кражбите најчесто се бакарни кабли од подземната мрежа на Македонски Телеком, а при тоа, освен што се сечат кабли, се прави и оштетување на пристапните шахти. Се верува дека кражбите се прават поради продажба на бакарот кој има висока цена на пазарот. Досега има најмалку 10-тина случаи на оштета и кражба во Битола и Скопје, со што станува јасно дека се работи за планирана активност која не случајно ги има избрано подземните телекомуникациски мрежи.Кражбите се пријавени кај надлежните органи и веќе Министерството за внатрешни работи работи на расчистување.

-Работиме на расчистување на случаите и соодветно санкционирање на сторителите“, велат од МВР и ги повикуваат граѓаните ако забележат некои сомнителни активности околу шахтите на Телеком, навремено да алармираат за да се спречи понатамошно оштетување и крадење на опремата.Корисниците кои се имаат соочено со прекини на сервисот во овој период како последица на ваквиот вандализам а коишто траат подолго од вообичаеното време за решавање на пречки, треба да бидат информирани за што се работи и дека овој проблем секако ќе биде решен.

More from ВестиMore posts in Вести »