Денес во министерството за локална самоуправа, директорот на ХМС “Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски и министерот Горан Милевски, го потпишаа договорот со кој се одобруваат финансиски средства за изработка на проект за изведба на нов ски-центар во близина на Битола, на Пелистер.
Преку меѓународен тендер ќе се избере реномирана проектанска куќа која ќе изработи проект за изградба на модерен ски-центар кај “Нижеполе“.
Со проектот треба да се дефинираат трасите каде ќе се изгради новиот ски центар со повеќе стази за скијање со една жичара и минимум два ски лифтови.