Press "Enter" to skip to content

Започна постапка за изградба на нов, модерен, ски-центар кај Нижеполе со една жичара и два ски-лифта

Денес во министерството за локална самоуправа, директорот на ХМС “Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски и министерот Горан Милевски, го потпишаа договорот со кој се одобруваат финансиски средства за изработка на проект за изведба на нов ски-центар во близина на Битола, на Пелистер.

Преку меѓународен тендер ќе се избере реномирана проектанска куќа која ќе изработи проект за изградба на модерен ски-центар кај “Нижеполе“.

Со проектот треба да се дефинираат трасите каде ќе се изгради новиот ски центар со повеќе стази за скијање со една жичара и минимум два ски лифтови.

More from ВестиMore posts in Вести »