Press "Enter" to skip to content

Не се продадоа 75% од акциите на ФК Пелистер, добра понуда но власта бара дополнителни информации, расправа в петок

Иако бенес беше најавено дека можно е на дневен ред на Седницата на Совет на Општина Битола, ќе биде поставена точка за продажба на 75% од акциите на ФК Пелистер од Битола, тоа не се случи, бидејќи е одложена за петок,  а причината за денешното одложување доаѓа откако од владеачкото мнозинство  заинтересираната компанија  побарале да испрати дополнителни информации за иднината на прловигашот од Битола.

По тој повод се огласи и Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола кој рече:-СДСМ нема да дозволи импровизации и авантури со еден од брендовите на Битола – ФК Пелистер. Неговата иднина мора да биде предвидлива и одржлива. Фудбалскиот клуб Пелистер, како и спортската јавност во Битола го заслужуваат тоа. Како што е веќе познато во јавноста, до Советот на Општина Битола пристигна писмо за намери од британска компанија која сака да купи 75 % од акциите на ФК Пелистер. Понудата ветува и СДСМ во овој момент го поздравува интересот на компанијата да го развива ФК Пелистер.

Одлуката за продажба на мнозинскиот пакет акции на ФК Пелистер, сепак, денес не се најде на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола. Општина Битола и советничката група на СДСМ одлучија да и дадат време на заинтересираната компанија да испрати дополнителни информации во врска со нејзините намери за иднината на ФК Пелистер. Во следните денови референци на компанијата каде и што работела, нејзината финансиска состојба, како и детален план за работа на ФК Пелистер.

Сакам да истакнам дека СДСМ апсолутно ги поддржува барањата на навивачката група Чкембари кои во случајов се целосно компатибилни со нашите. Силен ФК Пелистер е интерес на сите што и мислам добро на Битола. Затоа, сакам да порачам дека откако ќе ги добиеме бараните информации, сериозно ќе пристапиме кон разгледување на понудата.
Општина Битола предводена од СДСМ и Градоначалничката Наташа Петровска во изминатите скоро четири години го поддржа ФК Пелистер со 37.500.000 денари, односно со над 600.000 евра. И овојпат ќе донесеме одлука со која Битола и битолчани ќе се гордеат и која ќе обезбеди стабилна и сигурна иднина за ФК Пелистер!Валентин Груевски, претседателот на Советиот на Општина Битола рече дека британска компанија имала сериозна намера, но сепак денеска не се расправало.

-Постои сериозна намера од заинтересиран странски инвеститор да откупи 75% од акциите кои моментално се во приватна сопственост. Дел од документацијата е стигната во Општина Битола, нивното барање, но претпоставувам оваа седница ќе има и свое продолжение на кое ќе добиеме дополнителни информации за нивната дејност, со што се занимаваат, каде работат, дел од документите кои ние ќе ги побараме и таа точка најверојатно ќе биде на оваа седница како дополнителна точка, меѓутоа како продолжение во петок.

More from ВестиMore posts in Вести »