Стефан Дрогришки кој изминатата сезона го бранеше боите на Еурофарм Пелистер 2 од Битола, идната сезона ќе игра во Кувајт, откако деновиве потпиша за екипата на Казма, со кој договор се обврза една сезона да биде во Кувајт, каде деновиве треба да се пресели.
Иако за Дрогришки се интересираа неколку клубови од Македонија и странство, тој како неофицијално се зборува добил од кувајтјаните понуда која не се одбива.
Ова е негов прв ангажман во странство, откако ги бранеше боите на Пелистер и Металург.