И оваа година, поради протоколите за заштита од ковид-19, како и изминатата не се одигра традиционалниот турнир во мал фудбал, “Јовче Димовски – Начко“ кој традиционално се игра на спортските терени во ОУ “Даме Груев“ во населбата Јени Мале во Битола.Клубот за мал фудбал Начко, кој се организатори на овој турнир во чест на нивниот прерано починат другар, организираа одигрување во негова чест на ревијален натпревар во мал фудбал помеѓу екипата на ветераните на Начко и екипа составена од повеќе генерации на фудбалери од населбата Јени Мале.
Инаку, до сега на терените во ОУ “Даме Груев“ на овој турнир играле поранешни фубалери на Пелистер, Митко Стојковски, Миле Димов, Сашо Здравевски, Зоран Штерјовски, Игор Момировски…, а организаторите се надеваат дека в година ќе имаат можност за организација на турнир со повеќе екипи.

Короната го спречи 7. по ред турнир “Јовче Димовски – Начко“, се одигра ревијален натпревар (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола
- Во Битола облачно со врнежи од дожд, температурата до 6 степени
- СВР Битола: пријава за напад од две лица, каснување од куче скитник
- Завршен настан од проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ (фото)
- Библиотеката од Битола дел од “16 дена активизам за спречување на насилство“
More from СпортMore posts in Спорт »
- Рутинска побена на Еурофарм Пелистер против Бутел во Скопје
- По тежок терен за игра Пелистер убедливо го победи Башкими во Битола
- Нова победа на Пелистер Волеј во Битола за зацвртување на првото место (фотогалерија)
- Вардар немоќен во Битола, кошаркарите на Пелистер постигнаа 116 поени, а можеа и повеќе (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер се жали во ЕХФ за судењето со ПИК Сегед во Битола!