Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Претерано критички и презаштитнички  родител – негативни  родителски стилови

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Постојат типични родителски стилови кои негативно се одразуваат на детскиот развој и го отежнуваат развојот на независноста кај детето. Тие се познати и како претерано критички, презаштитнички, недоследен,кавкаџиски настроен, невклучен или незаинтересиран, премногу организиран, емоционално гладен и зависен. Во наредните објави ќе видиме како секој влијае врз детскиот развој, а оваа ќе биде за претерани критички ориентиран родител.

Овој вид на родители со вербални искази во однесувањето кон детето кои му праќа пораки: „Глуп си и никогаш нема да постигнеш“, „Неспособен си или Зарем никогаш нешто не можеш да го направиш како што треба“ и сл.

Децата кои одрастуваат со овие пораки, почнуваат многу рано да сомневаат во себе и свооите способности. Најчесто одрастуваат во личности кои се премногу самокритични, кои никогаш не се задоволни со постигнатаото и секогаш во се бараат грешка. Потребно е да се истакне дека децата  треба да се критикуваат, но критиката е добра и во ред ако е конструктивна и тогаш е оправдана.

Критиката не треба да се упатува кон личноста на детето, туку на некое негово однесување кое сакате да го промените. (Ова важи и кога се однесувате кон  возрасна личност) Кога критиката е формулирана така да е усмерена на однесувањето, на детето му се остава можност да се промени, бидејќи однесувањето се менува и постојат начини на кои тоа може да се промени,  а одговорите на детео можат да бидат најразлични. При конструктивна критика  детето добива порака дека ОДНЕСУВАЊЕТО = ЛОШО,  а НЕ САМОТО  ТОА – детето (неговата личност).

Во спротивно, кога критиката е усмерена на личноста на детето, кај детето се јавуваат одговори како прифаќање или негирање. Односно на критиката и пораката „Мрзелив си неодговорен“ детето може да одреагира со прифаќање и да си каже “ОК“ јас сум „таков и таков“и да продолжи да се однесува во склад со тоа или да каже НЕ  „Јас не сум таков“  и да се однесува  бунтовно и да влезе во расправа со родителите.

Презаштитнички родител се препознава по изјавите: „Јас ќе го направам тоа наместо тебе“, „Не се грижи јас ќе се погрижам за се“   „Немој  ТИ да се мачиш, мама е овде“, „Облечи се ладно ми е “. Покрај овие пораки кои му се упатуваат на детето, родителите ги карактеризира и такво оденсување, да воглавном прават СЕ наместо своите деца, дури и кога тие не го бараат тоа од нив. Децата на овие родители се најчесто многу анксиозни, уплашени, повлечени и со ниска самодоверба и самопочит. Слушајќи ги овие пораки во текот на одрастувањето тие најчесто за себе мислат дека не се способни да направат ништо сами постојано им е потребна некоја друга личност која ќе работи наместо нив.

Како возрасни личности овие деца најчесто: манифестиаат „залепување“ во своите односи со другите личности, најчесто одат од врска во врска во потрага по партнер кои ќе ги заштитуваат и ќе се грижи за нив како што правеле и нивните родители, бараат преголема количина на внимание, несигурни се во себе или одат во друга крајнос одбивајќи било каков вид на помош.

Во следниот текст „Родители кафкаџии и невклучени (незаинтересирани)  родителски стилови.