Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: супер организиран и емоционално зависен стил на родителство

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Супер организиран родител ги има следните карактеристики kонстантно обработуваат податоци, ретко покажуваат топлина и импулсивнсот и не се критички настроени, а ни грижливи.

Децата на овие родители обично покажуваат модел на бунтовничко однесување, равнодушност или попустливост и се покоруваат кон организираноста.

Исто така децата на овие родители можат да се побунат против организираноста на своите родители и постојано да влегуваат во конфликт со нив или намерно да ги провоцираат. Често тој бунт може да се види низ неуредна детска соба, неисполнување на задолженија во улилиште и сл. Можат да бидат равнодушни, неисполителни на зададени задачи или сами да го прифатат овој начин на функционирање (суперорганизираноста на родителот)

Како возрасни личности тие и сами стануваат многу добро организирани. Воглавном се перфекционисти кои тежнеат да направат се совршено. А кога во тоа не успеваат, се чувствуваат лошо. Работохоличари се и се затвораат  во работа, не дозволувајќи на себе да се одморат, опуштат и да почуствуваат што се случува околу нив.

 Емоционално гладен (зависен) родител

Овој вид на родителство константно очекува да биде третиран како бебе  и да се води грижа за него. Се очекува да биде охрабруван, усреќуван, или да биде критикуван. Ваквите родители често ги манипулираат своите деца како би тие да ја превемат родителската улога во куќата. Користат реченица како „Ако ме сакаш ќе ја средиш својата соба.

Децата на овие родители реагираат на тој начин што постваувајќи се родителски и заштитнички спрема околината, се грижат за другите деца во училипиште. Често се случува да им држат предавања за тоа што смее да се направи, а што не. Делуваат доста позрело од своите врсници.

Како возрасни личности тие функционираат така што им удоволуваат на сите освен на себе, своите потреби и желби ги ставаат во втор план и се чувствуваат најдобро кога помагаат на сите други. Заради тоа често се чувствуваат запоставено. Воглавном бираат партнери кои делуваат беспомошно и сакаат за нив некој да се грижи и да води сметка. Исто така бираат професии во кои можат да се грижат за други и да се запостават  себеси.

Во следен текст: кои се пожелни особини на позитивно (добро) родителство.