Press "Enter" to skip to content

Сеќељи, новиот прв голман на Еурофарм Пелистер, играв против битолчани во тимот на Веспрем и Татабања

Веднаш по завршување на изминатата ракометна сезона од Битола замина Египјанецот, Карим Хендави, во новиот клуб Замалек, а по претходните заминувања на Чанески и Трајкоски, Еурофарм Пелистер комплетираше нова голманска тројка, во која прв голман е Унгарецот, Мартон Сеќељи, што беше изненадување за сите.

31 – годишниот Мартон Секељи, во првата изјава по доѓањето во Битола, рече дека знае каде доаѓа, а во врска со доаѓањето во Битола добил и совети од двајца македонски интернационалци, Никола Митревски со кога заедно бранеа во Португалија и од Дејан Манасков кој игра во Унгарија.-Играв против Еурофарм Пелистер како играч на Татабања и на Веспрем, така да знам многу за клубот и за тимот. Супер-задоволен сум што сум тука. Беше крај на летото кога клубот ме покани да им се придружам и многу сум задоволен што се договоривме и што се приклучив на овој традиционален клуб. Разговарав многу со Никола Митревски и додека игравме во Порто, но исто така и ова лето. Разговарав и со Дејан Манасков исто така, па ги знам сите потребни детали за клубот, рече Унгарецот.

More from ВестиMore posts in Вести »