Синоќа на ракометнот игралиште во Битола заврпши 51, фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“, кој го организираше Центарот за култура во Битола, на кој во изминатите денови на многу локации во Битола се претставија групи и ансамбли од Македонија и станство, а беа одржани и многу настани надвор од фестивалските вечери, поврзани со народните носии, обичаи, култура, изложби, ревии, интерактовни часови…На свеченото затворање присутвуваа градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, амдасадорот на Руската Федерација во Македонија, претседателот на светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ – Филип Бусон, престставници на ЦИИОФФ од Македонија, преставници на ансамблите кои учествуваа на фестивалот и други гости…
Директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска – Илиевски, на последната фестивалска вечер, на затворањето на фестивалот рече:
-Во изминатите денови со песна и со игра ја раскажавме приказната „Илинденски денови“. Секое ќоше на нашиот град стануваше сцена на нашиот фестивал, а секој случаен минувач беше фотограф или снимател на фестивалот. Гостите и публиката се споија во еден свет и силно, гласно ја претворија нашата Битола во најубавиот град на светот, затоа што светот ни беше дома.
Потоа беа прогласени најдобрите на фестивалот “Илинденски години“. КУД „Дримкол“ од Вевчани е прогласена за најуспешна група што презентираше традиционална музика и игра, а КУД „Илинден“ од Струга е избрана за најуспешна група што презентираше староградска музика.
Со одлука на стручно жири, за најуспешна вокална група е прогласено трио „Кладенец“ од Теарце, за најуспешен инструментален состав награда доби ансамблот „Ќустек“ од Скопје, а за ансамбл со најдобра и најкомплетна изворна носија, највиско фестивалско признание доби ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија.
За македонскиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ јавна висока оцена даде Филип Бусон, претседателот на светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ кој годинава беше гостин во Битола.
-Прекрасен е фестивалот „Илинденски денови“ и среќен сум што бев со вас и што изградивме силно пријателство. Поканата за престој во Битола ја добив од националната секција на ЦИОФФ на Македонија и се уверив дека дојдов на вистинското место. Се враќам во Париз, и на обвските во УНЕСКО, но ветувам дека повторно ќе дојдам во Битола затоа што тука има голем фестивал, рече Бусон и порача дека за да се изгради поубав свет и мир во светот, потребни се заедничка игра, заеднички песни и заедничко пријателство.
Во чест на наградените, пред броен аудиториум во Битола, синоќа настапија ансамблот „Македонија“ од Скопје, КУД „Дуле Милосавлевиќ“ од Чачак-Србија, ансамбл за танци плус фолклор од Елбасан-Албанија, сибирскиот фолклорен ансамбл од Краснојарск-Русија, а со посебен аплауз беше поздравен настапот на грчкиот фолклорен ансамбл „Елкелам“ од Атина кои на фестивалската сцена освен игра ги отпеаја песните „Битола мој роден крај“, „Ѓурѓо девојко“ и „Јовано, Јованке“, а пријатно изненадување за публиката беше и американската фолклорна група од државата Јута чии млади членови освен препознатлива игра на фестивалот ја испеаја македонската песна „Во Струга дуќан да имам“.

Заврши фестивалот “Илинденски денови“, прогласени најдобрите (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“
- Промовиран училишниот весник “Нова Веда“ на гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола (фотогалерија)
- За Соња Михајлова наградата за животно дело на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп