Press "Enter" to skip to content

СВР Битола, отсек за превенција: прогласена кризна состојба, апел за внимателност, за прекршителите казни до 2.000 евра

На 05.08.2021 Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата поради зголемената појава на пожари, а денес на таа теме зборуваше началникот на отсекот за превенција при СВР Битола, Сашо Гилевски, кој рече:

-Со денот на влегување на оваа одлука во сила се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање. Согласно одлуката кризната состојба трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила.СВР Битола упатува апел за максимална внимателност на местата кои можат да бидат потенцијални жаришта, а полициските службеници, покрај вработените од ЈП „Национални шуми“и Шумската полиција, ќе вршат засилени контроли на движењето во подрачјата согласно одлуката за забрана.

Доколку се констатира непочитување од страна на граѓаните ќе се преземат мерки за соодветно санкционирање, при што за непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

СВР Битола укажува дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

More from ВестиMore posts in Вести »