Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: артериска хипертензија и примена на АBPH-холтер за мониторинг

Специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“,  започна со работа пред неколку  месеци и  поседува најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи.

Сопственикот д-р Васил Чипуровски зборува за артериска хипертензија и примена на АBPH-холтер за мониторинг за што вели:

-Артериска хипертензија претставува една од позначајните модифицирачки ризик фактори за кардиоваскуларна смртност и се карактеризира со зголемување на вредностите на систолниот крвен притисок над 140 mmHg и на диастолниот крвен притисок над 90 mmHg. Етиологијата на настанување е разновидна во која имаат улога и генетската предиспозиција, пушење, користење прекумерна солена храна, кафе, нескафе, алкохол, нарушена функција на тироидна жлезда хипертиреози, тумори на надбубрежна жлезда – феохромоцитоми, примарен алдостеронизам, стенози на двете ренални артерии, левовентрикуларна хипертрофична обструктувна кардиомиопатија, аортна инсуфициенција, стеноза на аорта, употреба на кортикостероидни лекови, орални контрацептиви, симпатикомиметици деконгенстанти, во дел од случаите нема утврдена причина за зголемување на артерискиот крвен притисок таканаречена Есенцијална артериска хипертензија.    Компликации од долготрајна нерегулирана хипертензија се развој на хронична бубрежна слабост, мозочни удари и крвоизливи, среви инфаркти, хронична срцева слабост  итн.

Лекувањето е со Аке инхибитори или антагонисти на рецептори на ангиотензин, калциум блокатори, диуретици, алфа блокатори. Во нашата ординација ПЗУ “Д-р Чипуровски“ имаме АBPH- artery blood pressure hollter софистициран германски апарат чија цел на примена е точната електронска автоматска евалуација на деноноќните 24 часовни варијации во вредностите на крвниот притисок на пациентот при што  се добива и графички приказ за ризичните часови  на максимални вредности на крвниот притисок кај секој пациент индивидуално соодветно на што има и промена во терапијата со цел контрола на крвниот притисок.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“.