Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
Родителите имаат огромно влијание на животот на своите деца, од најраните денови на животот од учење на говор, први чекори и од, основни животни навики, преку учење на морални вредности и начела, поттикнување на учење и спортски дух па се до моделирање на различни облици на однесување.
Запаметете дека:
-децата прават она што вие го правите, а не како и што вие му кажувате, влијанието на родителите е најголемо до поаѓање во училиште , а потоа на сила стапуваат влијанието на училиштето – наставниците, врсниците, социјалната средина.
-секое дете доаѓа на свет со свој сопстевен темперамент, основни потенцијали и потребно е да се прифати онакво какво е, и да му се овозможи тие свои потенцијали да ги развие
-родителите не би требало да ги изберат патот по кој детето ќе оди, а на детето да му пружат сигурна база, во вид на поддршка, разбирање и љубов на која детето секогаш ќе му се враќа.
Современо родителство
Во денешно време се менува се брзо,па така се промени и начинот на кој родителите ги воспитуваат своите деца. Се појавуваат и некои нови стилови на родителство, нови совети, а во некои привилегирани кругови родителството стана и натпревар или спорт. На децата се гледа како на љубимци кои треба да донесат што повеќе награди, да одат на што повеќе тренинзи и натпревари, да учат, знаат што повеќе јазици…
Меѓутоа како што потврдуваат научните истражувања развојните потреби кај децата не се променети. Тие се релативно стабилни низ историјата. Тие развојни промени се: потреба за сигурност, структрура, поддршка и љубов.
Како родителите ќе одговорат на овие потреби зависи од многу фактори, пред се зависи од личноста на родителот, од личноста на детето, како и од други животни прилики. Значи не постои единствен рецепт за тоа како доброто родителство изгледа.
Пред да дојдеме до тие пожелни карактеристики на добро родителство ги увидовме типичните родителски стилови кои негативно се одразуваат на детскиот развој и го оттежнуваат развојот на независноста кај децета. Тие стилови се познати како Критички, презаштитнички, недоследен, кавкаџиски настроен, неукљуќен, и незаинетересиран.
Премногу организиран, емоцинално гладен и зависен. (објави на овие теми во претходни текстови во Совети www.bitolanews.mk)
Кои се пожелни особини на добрите родители?
За да бидеме добри родители не е доволно просто да избегнуваме Очигледни лоши однесувања кон детето како што се : малтеретирање, физичко казнување, занемарување или претерано попуштење.
Во литературата се наведуваат 4 основни одговорности на родителите:
-зачувување на здравјето и сигурноста на детето,
-унапредување на нивната емоционална благосостојба
-поттикнување на социјални вештини
-интелектуална подготовка на децата
Што се однесува на воспитување на децата истражувањата покажале дека најдобро воспитуваните деца се одраснати од страна на родители кои при воспитувањето комбинираат топлина и чувствителност со јасни граници.
Поточно овие родители комбинираат ЉУБОВ, ПОДДРШКА и РАЗБИРАЊЕ кон децата со јасни граници и доследни поставени граници во однос на тоа што смее, а што не смее да се прави.
За да успеете во тоа може да ви биде од користи т.н. формула C – формула
– CARE (Care) – Грижа = е прифаѓање и љубов.
– CONSISTENCY (Consistency) Доследност _ одржување на стабилно опкружување и придржување до јасни правила.
– CHOICES Choices) Одлуки-дозволување на детето да се развива.
– Consequences (последици) – објаснување на децата за последиците од нивните избори и одлуки, било позитивни, или негативни, како и допушптање да доживеат одредени последици.