Од среда 11 август почнува теренска вакцинација во населба “БАИР“ во Битола, во мобилниот пункт во месна заедница “Димитар Влахов”.
-Работното време за слободна вакцинација во пунктот ќе биде од 16-19 часот
-Лицата кои доаѓаат за слободна вакцинација треба да носат документ за идентификација-лична карта или здравствена книшка.
ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ И ЗАШТИТЕ СЕ!
Единствен начин во борбата против COVID 19
Теренската имунизација се реализира во соработка со ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола како дел од едношалтерскиот систем (OSS-One Stop Shop) во рамките на проектот “БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите” финансиран од Европска Унија