Press "Enter" to skip to content

Од утре теренска вакцинација во населба “Баир“, мобилен пункт во МЗ “Димитар Влахов“

Од среда 11 август почнува теренска вакцинација во населба “БАИР“ во Битола, во мобилниот пункт во месна заедница “Димитар Влахов”.

-Работното време за слободна вакцинација во пунктот ќе биде од 16-19 часот

-Лицата кои доаѓаат за слободна вакцинација треба да носат документ за идентификација-лична карта или здравствена книшка.

ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ И ЗАШТИТЕ СЕ!

Единствен начин во борбата против COVID 19

Теренската имунизација се реализира во соработка со ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола како дел од едношалтерскиот систем (OSS-One Stop Shop) во рамките  на проектот “БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите” финансиран од Европска Унија

#UrbanBair #EUwithYou

More from ВестиMore posts in Вести »