Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го освои првиот трофеј, пехарот од Супер купот доаѓа во Битола

Вардар – Еурофарм Пелистер 22:31 (14:14)

Иако екипата на Вардар беше фаворит на хартија за Супер купот, кој вечерва се играше во Скопје, екипата на Еурофарм Пелистер е победник на теренот во “Борис Трејковски“ иако влезе како второпласиран во Купот, а  ракометарите го носат пехарот во Битола.

Овој Супер куп е за  Еурофарм Пелистер опрва домашна титула откако се припоија двата битолски клуба, или прв трофеј по 16 години, од 2005 година.“Пелистерци“ до победа дојдоа со добра игра, посебно во вториот дел, а натреварот започна со водство на Вардар, 5:3, а потоа  7:4, и 9-6. Потоа следуваа одлични минути на битолчнаи, кои дојдоа до 11:11, а со реми 14:14 заврши првото полувреме.

На стартот на второто полувреме беше 16:16, а потоа следуваа три гола за 16:19, а по одбраните на Секели, вкупно пет,  беше 16:20. Во средината на вториот дел беше 18:24 за Еурофарм Пелистер, а потоа и 20:24, а потоа се беше рутина до крајот за 22:31 и освојување на Супер купот.

Најефикасен кај битолчани Мандалиниќ со шест гола, пред Јосип Периќ со пет, а Мартон Секељи имаше 12 одбрани.

More from ВестиMore posts in Вести »