Press "Enter" to skip to content

Двајца репрезентативци во Битола, Ѓуровски и Караџовски засилувања во Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер во Битола, пред новата кошаркарска сезона во која ќе игра во домашното првенство и во АБА2 лигата во своите редопви донесе уште две репрезентативни засилувања, кои со своето искуство и квалитет ќе го зголемат рејтингот и квалитетот на клубот. Двете репрезенативни засилувања се Стојан Ѓуроски и Димитар Караџовски.

Стојан Ѓуровски по меѓународните ангажмани во Франција и Шпанија се враќа во домашното првенство, а во Македонија последен клуб за кој настапуваше беше Блокотехна, кога клубот го водеше Марјан Илиевски, кој е сега тренер во Битоила. Караџовски има настапувано и за Работнички, Кожув, МЗТ, Карпош Соколи.

Димитар Караџовски лани настапуваше во Кожув и Работнички, а во Битола се враќа во Битола, а потпиша со Пелистер на една година. Претходно има играно во Куманово, Фени, Торус и МЗТ, а во странство играл во Исланд и Бугарија.

Пелистер досега се засили Тајлер Чиз, Марјан Младеновиќ и Љубомир Младеновски.