Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 15 позитивни, оздравен 1, активни 124 случаи

Во последните 24 часа се направени 6.980 тестирањa, а регистрирани се 805 нови случаи на Ковид-19 од кои од Битола се 15.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти, еден од Битола.

Пријавени се 10 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 142 и преку “Плодност“ 82 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.062.292 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.164 бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761.

More from ВестиMore posts in Вести »