Press "Enter" to skip to content

Од денес вакцинирани и со сертификат за ковид во кафулиња и на натпревари

Од денеска стапува на сила одлуката на македонската влада, според која е потребен сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 за влез во ресторани, концерти или спортски настани.

Исто така од денеска работата на затворените делови од угостителските објекти е забранета, а за седење во отворени делови на кафулиња, ресторани и клубови, лицата над 18 години ќе треба да имаат сертификат за најмалку една примена доза од вакцината.

Граѓаните со потврда за прележан ковид-19 може да посетуваат угостителски објекти, но само 45 дена по болеста, по што ќе мора да имаат потврда за вакцинација како и сите други.

Оваа обврска ќе важи за сите објекти кои примаат повеќе од 30 гости, а угостителите се должни да организираат надѕорна служба која ќе го контролира тоа.

Владата најави построги контроли за строго спроведување на новите ограничувачки мерки, а се предвидуваат и парични казни.

За граѓаните кои немаат потврда, или имаат лажна паричната казна е 250 евра, за правно лице од 2.500 до 30.000 евра во зависност од големината на објектот, а за одговорното лице 1.500 евра.

Покрај одење во кафулиња, ресторани или ноќни клубови, сертификатот за ковид-19 ќе биде неопходен за сите видови прослави, кои можат да се организираат само на отворено, како и за концерти, семинари, конференции, културни и спортски настани.

More from ВестиMore posts in Вести »