Press "Enter" to skip to content

Директорот на КК Пелистер, Јовче Христовски, поднесе оставка заради приватни причини

Генералниот директор на КК Пелистер од Битола, Јовче Христовски, поднесе оставка заради приватни причини или поточно не ја прифати понудата за продолжување на соработката. Христовски, кој цел живот е во КК Пелистер, беше поранешен кошаркар и капитен на тимот, а од пред три години и директор на клубот од Битола.

Христовски во писмената оставка напиша:

-Би сакал да ја искористам оваа прилика да ги расчистам сите шпекулации за мојата оставка од позицијата генералниот директор на КК Пелистер и во исто време да им се заблагодарам на многу вработени, поддржувачи, љубители и навивачи на кошарката во нашиот град и нашата земја. ..

Имено, осврнувајќи се на мојата неотповиклива оставка, објавена на вчерашниот вонреден состанок на Управниот одбор, сакам да напоменам дека таа е плод исклучиво на мои лични и приватни причини кои не се поврзани со клубот, неговото раководство и кошарката како спортот воопшто …

Едноставно, моите приватни обврски во моментов не ми дозволуваат да се посветам на обврските во клубот како што треба и како што заслужува голем клуб, кој на задоволство на сите фанови, поддржувачите и љубителите на кошарката ќе се натпреваруваат на два фронта и според новиот ростер ќе има голема шанса да донесе барем еден трофеј во витрините на клубот …

Имајќи го сето ова на ум, решив да се откажам од ново место со нови идеи и нова енергија за да придонесам за постигнување високи резултати, и покрај напорите на сегашното раководство, кое даде сè од себе за да ја продолжиме нашата соработка… Така во овој контекст би сакал јавно да се заблагодарам на раководството на Општина Битола, сите членови на Советот на Општина Битола, заедно со Васко Ковачевски, за можноста и довербата да ја извршат оваа функција… Дополнителна благодарност до менаџментот на самиот клу, од почетокот на нашиот мандат до денес, односно на: Менде Силјанов, Сашко Наумов, Александар Касапов, Игор Мицевски, Благојче Обедниковски и актуелниот претседател Мери Ковачевска, луѓе од кои имав безрезервна поддршка и со кои бев среќен да соработувам во овие три и пол години. Многу благодарам на сите мои колеги долу на теренот, односно тренерите: Зоран Петковски, Благој Печалов, Предраг Созовски, Драган Наумовски, Зоран Тодоровиќ, Дејан Илиевски, Љупчо Малинков и Марјан Илиевски, стручниот штаб: Димитар Богоовски, Бојан Давков, Дамјан Вељанов, Антонио Гурабиевски, Горјанче Стојановски (јуниори), д-р Блага Цветковска, комесарот за безбедност Роберт Мартиновски, Љупчо Чкламовски заедно со Игор Вељановски. Посебна благодарност до нашите поддржувачи, навивачката група „Чкембари“, за нивната огромна и лојална поддршка … Голема благодарност до сите компании кои несебично не следат цело време и без кои успехот би бил невозможен …

Исто така, сакам да им се заблагодарам на легендите и ветераните на битолската кошарка, на сите играчи што го носеа зелениот дрес (ги има многу), капитените како Ѓорѓи Анакиевски, Мико Голубовиќ, Адем Мекиќ, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ итн. Најголема благодарност до сите поддржувачи и навивачи на Пелистер кои беа мојата постојана мотивација за постигнување подобар успех секоја наредна сезона… И, конечно, најголемата благодарност до моето најблиско и пошироко семејство што ме трпеше 24 часа на ден три и пол години, и со мене ги преживеаја сите порази и победи во тоа време… Благодарност и до претходното и актуелното раководство на Кошаркарската федерација на Македонија.

Можеби ми е здодевно, но чувствувам потреба и обврска да ви се заблагодарам јавно на сите затоа што сите поранешни и сегашни членови, играчи, тренери, навивачи, поддржувачи и љубители на кошарката придонесоа и имаат свој удел во развојот, афирмацијата и успехот на ова градски клуб.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »