Press "Enter" to skip to content

Македонската кугларска репрезентација, до 18 години, на Светско само со битолчанки (фото)

Македонската репрезентација во куглање заминува за Словенија на Светското првентво во куглање, за натпреварувачки до 18 години. Репрезентацијата е составена од кугларки од Битола, а ова ќе биде воедно и битолска репрезентација, а и селекторот, нивниот тренер е од Битола.На последниот тренинг кој го имаа во новата куглана во спортската сала во Битола, репрезентативките и нивниот тренер Игор Михајловски ги посети градоначалничката Наташа Петровска, при што им посака многу успеси во тамошните натпревари.Девојките, заедно со тренерот Игор Михајловски, изразија посебна благодарност до градоначалничката Петровска за создадените услови за тренинг и поддршката која ја добиваат од општината, а тоа го напишаа и на електронките табли во кугланата, а и додадоа “Со љубов за Битола“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »