Press "Enter" to skip to content

Повлечена продажбата на влезници, СЕХА четвртфиналето сепак без гледачи

Еурофарм Пелистер денес ја повлече продажбата на билети за утрешното четврт финале од СЕХА лигата, и нетпреварот ќе се игра без публика, бидејќи како велат ја нема потребна документација за организирање на натпреварот од сите релевантни институции, па продажбата на билети нема да започне и натпреварот ќе се игра како сите минатогодишни во Битола, без присуство на гледачи.

Во соопштението од клубот се вели:

-РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ја повлекува продажбата на билети за натпреварот од четвртфиналето на СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест. Причината  е недобивањето „зелено светло“ од сите потребни институции за организација на натпреварот во време на ковид-пандемија. 

Клубот искрено жали што не доби „зелено светло“ за одржување на натпреварот со присуство на гледачи со вакцинален сертификат во спортската сала „Боро Чурлевски“. Би сакале да ги потенцираме вистинските вредности на спортот, па доколку постои и најмала закана по здравјето на нашите граѓани, ние ќе ги следиме упатствата на надлежните. Веруваме дека наскоро ќе можеме да ви се обратиме со позитивни вести и враќање на гледачите во салата, нешто што нестрпливо го чекаме повеќе од една година. 

РК Еурофарм Пелистер уредно ги вакцинира своите ракометари, ги следи упатствата на надлежните и ќе продолжи да ги применува потребните протоколи донесени во време на пандемијата од ковид-19.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »